Џош и Џеј-Ар Смит истата година влегоа во НБА, директно од средно и тоа еден по друг, како 17. и 18. пик. И двајцата во своите кариери учествуваа во Натпреварот во забивање, кое првиот успеа и да го освои. И за едниот и за другиот често се зборуваше дека се психички незрели, но во исто време и физички страшни потенцијали.
Со тек на време и двајцата созреаа, што можеби малку повеќе може да се каже за Џош, иако и кај двајцата се уште има доста простор за напредок на тоа поле. И Џош и Џеј-Ар се дел од екипи кои се во врвот на своите конференции, но кои реално немаат шанса да стигнат до големото финале. И двајцата го носат истото презиме, но не се во никаква роднинска врска.
И на крај, и двајцата се страшно атрактивни играчи кои изминатава недела ќе ја паметат по различни “атрактивни“ потези. Додека екс-шампионот во забивање успеа да упропасти чисто куцање за победа во Њујорк каде беше изблокиран од Вилсон Чендлер во последните секунди, бекот на Нагетси го имаше веројатно второто најдобро куцање од цепелин оваа сезона. Да не беше она чудо на Леброн, баш против Никси, ќе беше и прв.
Сигурно дека главната вест, покрај победата на Гризлис над Лејкерси, беше таа дека Коби го престигнал Џери “Логото“ Вест на првото место на вечната листа стрелци на Лејкерси. Сепак, без дисреспект кон Кобстерот, мене нешто друго ми се мота низ глава низ глава секогаш кога ќе се спомнат Гризлис и Лејкерси во иста реченица.
01.01.2008 година кога според секој здрав разум на планетата Мемфис го спакува во голема кутија со златно машниче Пау Гасол и го испрати за Лос Анџелес во размена за тројца играчи кои веќе не се дел од нив и еден кој се уште немаше заиграно една минута во НБА, но носеше познато презиме.
За многумина тоа беше капката која од Лејкерси направи тим кој во следните неколку години сигурно ќе се бори за титулата, додека од Мемфис направи само тим кој се откажа од својот најдобар играч. За ништо. Освен олеснување во селари-капот, кое барем тоа лето тие не го искористија за ништо.
Сите знаеме што се дешаваше после тоа со Пау и Лејкерси, но мислам дека сега, точно две години подоцна во Мемфис и не се така разочарани од тоа како се одвиваат работите. Помалиот брат на Пау, Марк Анастас Вунакис Гасол сезонава созреа во вистински НБА центар, па дури и влезе и во повеќе муабети за место на Ол-Старот во Далас.
Сепак, не можам да ги заборавам сите критики кои беа упатени кон менаџментот на Гризлис, шеги на сметка на Квами Браун и пофалби за Мич Купчак. Некои тренери и ген.менаџери од другите екипи јавно го искритикуваа трејдот, посебно Грег Попович, а некои индиректно го осудија целиот дил.
Како прилог на тоа, еве три клипа од пред две години…Посебно остар е Стивен Еј. Смит, а најбољи е Зенот…
Океј, постов и нема баш многу врска со НБА ама би им бил забавен на сите што се заинтересирани за баскет.
Значи, во Америка, најчесто по колеџ утакмици (али и у НБА), си има обичај да се изведува т.н. half court shot prank на случајно избрана невина жртва од публиката.
Како иде тоа: се бира човек кој ќе шутира од пола терен за награда (илјади долари), ама условот е да шутира со заврзани очи.
Додека го маткаат со заврзани очи (или во некои случаи го вадат од салата) на остатокот од публиката им се објаснува финтата: колку и да ја фрли без врска топката, публиката треба да аплаудира и да се радува како избраникот да постигнал кош (он не знае што напраил пошто нели заврзани му се очите). Него го обзема еуфорија, за на крај да го реметат со чек на кој пишува панкд или нешто слично.
Веројатно никого не изненади веста дека Комишот го суспендирал Аринас (и Критентон во пакет) до крај на сезоната. Ова, и покрај големата глупост на Жилберто, не е најдолгата суспензија во историјата на НБА, но причина за тоа може да биде и самиот факт дека нечии други глупости се случиле порано во сезоната од оваа на Аринас.
Еве ден поглед на најдолгите суспензии до сега:
Рон Артест – 73 средби:
Причината добро позната. Малце поагресивното гушкање и поздравување со фановите на Пистонси на трибините на Обурн Хилс, наместо ако нешто му пречеше да се измереше со Бен Волас, кој уствари и ја започна целата работа со својот груб фаул над Рон.
Латрел Спривел – 68 средби:
Вратот на Пи-Џеј Карлисимо си знае најдобро. Прв и последен пат играч да нападне тренер. После ова Карлисимо си остана просечен тренер, но сите почнаа да бегаат од Спривел.
Гилберт Aринас – 50 средби:
Ова е тазе и добро познато. Колку што направи глупсот, Жилберто го изнервира Комишот кој од него направи пример за сите вакви идни прекршоци.
Стивен Џексон – 30 средби:
Другарот на Рон во горенаведеното дело. Има и суспензија од седум средби за пукање со пиштол во воздух пред ноќен клуб во Индијанаполис.
Kермит Вашингтон – 26 средби:
Ретро момент за кој повозрасните имаат слушнато. Удар кој за малце ќе го убиеше Руди Томјанович – играчот. Удар кој ја уништи кариерата на Кермит.
Џермејн О’Нил – 15 средби:
Третиот дел од дружината на Пејсерси која дивееше во Обурн Хилс.
Денис Родман – 11 средби:
Кој би рекол, само 11 средби. И тоа за удирање на фоторепортер во Минеаполис на најнезгодното место.
ПС: Интересно е да се види дека на листата нема многу од оние кои би очекувале да ги видиме, а посебно тоа што нема ни еден член на Бед Бојси. Родман неговата глупост ја направи како играч на Булси.
Ги имаме Ол-Стар петорките за во Далас следниот месец и до некаде поголемиот број НБА фанови, барема оние пореалните при гласањето, односно оние кои погледнале барем една средба оваа сезона, се задоволни од тоа како на крајот испаднаа работите.
Како во многу случаи, имаме една добра, една лоша и една онака, зезната вест.
Добрата секако е фактот дека Нештињо успеа на крај да го претрка Мекгрејди и да спаси голем срам (или пак комишот замижил на едно око) срам за НБА лик кој цела сезона има изиграно 45 минути да биде стартер.
Лошата е нереалноста при гласањето и тоа што наместо оние кои заслужуваат, како Џо Џонсон или Рондо, во првите пет на Истокот е лик кого на старт од сезоната го избркаа од Мемфис, каде беше резерва, кој после тоа изјави дека ќе се пензионира, за на крај да заигра за Филаделфија која и не процвета со него. Старата слава си го направи своето и Ајверсон се најде меѓу стартерите на Истокот.
Остатокот од петорките е прилично реален.
А да, заебаната вест. Штета за Дирк кој долго време беше второ крило на Западот. Но, некако Тимчо успеа да го претрка во фото-финиш. Така, Амари кој не игра центар ќе биде стартен центар на Западот, а на крило ќе игра Тимчо кој за својот тим игра на центар. Знам, заебано, посебно за Диркулес, кој игра одлична сезона со своите Мавси.
Некој може да се побуни и дека има место и за Дурент, но тешко дека би го убацил некој место Кармело, Тимчо, па и Дирк. Сепак, иднината е во рацете на Дурент кој е вистински лидер на изненадувањето од Оклахома сити.
Јас лично би го ставил Бош во први пет на Исток на местото на истрошениот и сезонава пак повредениот Кеј-Џи. Бош игра далеку подобра сезона, како и лани, од Гарнет и местото му е првата петорка, но како и во случајот со Ајверсон, старата слава си го направи своето, иако Гарнет вреди многу повеќе од Ален.
Резервите ќе бидат познати за недела дена, а до тогаш ќе имаме време за муабет кој треба, а кој не треба да се најде во Далас.
Колата на Гилберт веќе некое време оди по удолница на која барем за сега, се уште не и се гледа крајот. Она што е најново е дека целиот случај почна да добива и правна димензија.
Она во линкот дека му се заканува казна до пет години затвор веројатно е нешто што никогаш нема да се случи, но тешко дека од оваа каша која сам си ја спреми ќе се извади така лесно. Суспензија до крај на сезоната е речиси неизбежна, а ништо чудно и Визардси да му го раскинат премрсниот договор. Нормално, парична казна исто така не му бега, како и некоја условна, како допуна.
Брендон Џенингс и Џордан Фармар очигледно ептен сериозно го сфатиле твитањето.
По победата на Лејкерси над Бакси во неделата вечер почнала “академската“ дискусија помеѓу двајцата преку нивните Твитер акаунти. А одела вака:
По средбата Џенингс твитнал:
- “hit my phone I’ll tell you the real on that Farmar thing.”
Недолго потоа се јавил Фармар:
- “What you gonna say Buck (Jennings’ nickname)? Heard there is some ish talking on here…”
Од тој момент работите се одвивале вака:
Џенингс (YUNGBUCK3):
- “nah i was just telling the homie how thirsty you are. That’s all. But I’m not going to make this a big thing.”
Фармар (JFarmar1):
- “Am not here to start nothing. You were talking smack on here wanted to clear some air. Look at the bling, done proved myself”
Фармар:
- “You started with the smack talking, and I ended it with the 2 threes. We even? Cool.”
Џенингс:
- “but I’m not going to beef with you. See you should be worried about your spot. Shannon Brown??? That’s all imma say.”
Фармар, кон своите фанови:
- “People need to realize that I am not here to beef with Buck or extend it. Here to simply communicate with the Laker fans. Repeat!”
на што додал: “On a side note, Tyreke Evans really doing his thing. My pick for Rookie of the Year, no doubt. No one comes close.”
Да беа некои навистина битни фаци во денешната НБА, некој можеби и ќе го сфатеше ова посериозно, Но, од друга страна, никој посериозен играч не би влегол во ваква дискусија, посебно не на јавен сервис каков што е Твитер. Вака, еден играч кој засекогаш ќе остане небитен и еден кој има потенцијал да не стане тоа само размениле неколку мислења на Твитер. А и добро е за фаќање сеир.