Posts filed under 'Бејџинг 2008'

Ништо не е џабе

Не знам дали вие приметивте, ама на секоја средба на Америте во Бејџинг две фаци најчесто беа во фокус - Коби и Леброн, додека и Вејд не беше заборавен. На страна тоа што графички преносите во баскет (па и фудбал) беа ужасно реализирани.

Фокусот на Коби и Леброн во никој случај не е случаен, како и големата желба на Америте баш во Кина да си го вратат златото, пред следниот најголем НБА пазар кој лигата и нејзините два најдобри играчи и тоа како почнаа да го експлоатираат. Ви текнува на кунг-фу постерите на Леброн уште од втората негова сезона, кои бргу беа таму забранети, а потоа и разните турнеи на Ѕверот низ Кина.

Ништо покус не е ни Коби, кој лани имаше своја турнеја, а според клипов подоле, има и свое реалити шоу во Кина. Опасна работа, посебно финансиски, иако барем според клипов, Кобстерот ми делува фејк во целава работа. Сепак, милионите кои следуваат од земјата на преку милијарда луѓе не се мала работа.

И играњето за својата земја полека станува повеќе бизнис одлука отколку некаков си патротизам. Следната станица е Лондон, следниот можен поголем НБА центар.

ПС:Вејд беше во фокус не само поради одличната игра, туку и зошто е главно лице на Конверс, кој пак е во сопственост на, погодувате, компанијата која стои зад Коби и Леброн.

14 comments August 27th, 2008

Бидна и тоа

Photobucket

Како некој да се сомневаше во целава работа. Да, Америте немаа доволен број квалитетни високи играчи, ама затоа ги имаа Леброн, Вејд и Коби. Па после и Пол, Хауард и Бош. И што е најважно, за разлика од минатите натпреварувања кога тие гледаа да направат состав со кој би им се прилагодиле на интернационалните правила и ФИБА стилот на игра, овој пат тие си ја играа својата, НБА, игра, покажувајќи каде се игра најдобрата и најатрактивната кошарка на светот и каде играат најголемите светски ѕвезди.

Тоа мене лично никогаш не ми било спорно, ама има такви кои со се срце му се радуваа на секој неуспех на Америте изминативе години, не согледувајќи го фактот дека после Сиднеј, Америте до сега немаа испратено вистински НБА тим на едно натпреварување. Ви текнува само на првите пет од Атина пред четири години? Марбери, Ајверсон, Џеферсон, Одом и Данкан. И се тоа под водство на Лери Браун. Не знам дали воопшто треба да се коментира оваа петорка, посебно не тоа дека прв плеј беше Марбери, тројка - Џеферсон, а на четворка го имаа Одом, кој според многу од фановите на Лејкерси, не смее тоа да биде ни во својот тим.

Но, да ги баталиме нив. Муабетот е за оваа група момци сега, која што е најстрашно можеше да биде уште посилна (Амари, Гарнет?). Не сакам да мислите дека сум некој амерофил (тоа е зборот, нели?), но едноствано мора да им се симне капа на најдобрите. Исто како што мора да им се признае на одличната борба на Шпанците, кои дадоа се од себе, а и го немаа Калдерон. А и Аргентинците, кои ги газеа Литванците и заслужено се трети. Кога се повреди Ману во полуфиналето, не ми беше страв дека ќе гледаме слабо полуфинале, туку ми бепе страв дека тим како Литванија ќе биде трети. Но, одличниот на овие ОИ, Делфино и Скола играа и за Ману.

Следните ОИ се 2012 во Лондон, но пред тоа имаме СП за две години на кое сум сигурен дека Америте ќе гледаат да си ја вратат двојната круна. Судејќи според младоста на овие момци и желбата и енергијата која ја покажаа, тоа и нема да биде така тешко.

27 comments August 24th, 2008

Чоџуците на Јанаки

Photobucket

Знам дека 1/4 финалињата беа вчера и дека утре се најголемите две средби на ОИ до сега, ама она што се дешаваше вчера во Бејџинг стварно не ми даде никаква желба да закачам нешто на МакНБА. Освен сликава погоре од единствениот меч кој личеше на нешто и на кој стварно навивав за некој.

Јанаки ми е мрзок уште од деновите на Гиро генерацијата заедно со Галис (кој беше играчиште, а и типичен амерички Грк од Њу Џерси) и фацата за пластична - Фасулас. Сега ми се антипатични и чоџуците на Јанаки и баш заради тоа секоја им чест на Ману, Делфино и дружба за ќејфот вчера. Утре нема да им биде така лесно (уствари, ќе им биде страшно тешко).

Нема да имам ништо против уште вакви слики од Јанаки.

ПС: Бојан, го имам твојот текст за Тим Хардевеј, ама некако не иде да го пуштам сега кога ОИ се во тек.

12 comments August 21st, 2008

Линкијада

Photobucket

Америте многу сакаат да го користат зборот - Доминација, а после средбите во групи имаат целосно право на такво нешто. Сега, наместо анализа на 1/4 парови, линкови до анализите на најголемите амерички сајтови за она што се дешаваше сега.

- Како по обичај, американските новинари, овој пат од Јаууу, по секоја нова доминантна партија на нивниот тим се повеќе се занимаваат со минатото наместо со сегашноста. Мада, мора да се признае дека прашањето кое се поставува во колумната е интересно.

- Од Си-Ај пак, дојдоа до интересна идеја доминацијата на своите да ја илустрираат преку давање кинески прекари на репрезентативците. Арно ама, не им дале на сите, а има таков потенцијал за такво нешто, посебно кај изоставените Крис Пол и Двајт Хауард. Па и Бузер. Како звучи: The little (и онака има многу литли) Hornet, The Big Smile и The Bear of the mountain. Забегав, а?

- ESPN како по обичај, ништо иновативно.

- Од CBS пак со споредби и со став дека Австралија може да биде предизвик. Како да не.

- Чарли Розен од Фокс многу не го поштуем иако текстот не му е лош.

ПС: Ако некој од вас бил вечерва на Македонија - Монтенегро, нека пиче импресии. Уште боље ако има некоја фотка. Јас, за жал, не можев да се најдам таму. И да направам муабет со единствениот НБА играч на турнирот, Ѓуроски. А како само по нашите медиуми турнирот беше најавен помпезно како “НБА турнир“ или “Турнир на НБА ниво“…со кого бе, со Романија и Пеџа Дробњак? Смешно.

ПС2: Минесота има нови дресови.

ПС3: Уште не ми се верува дека Сиксерси му дадоа 80 милиони за шест години на Игудала.

19 comments August 18th, 2008

Руска (а и шпанска) салата, немачки овчар и пекингшка патка…и тоа низ слики

Обично не сакам да закачувам повеќе слики од текст, ама понекогаш некои слики зборуваат сами за себе, а и мислам дека немаше доволно фотки од Бејџинг до сега. А ги имаше доста добри.

Она што може да се каже низ зборови, а што до некаде ми е мило, или подобро кажано - не ми е криво, е елиминацијата на Русија, која не ни заслужи да игра 1/4 финале. Мило ми е и за Кинезите, кои со големата победа над Дирк и Кејвмен си обезбедија меч плус…после оној задутре. Хрватите пак паднаа на неискуство и немање лидер.

А Шпанците паднаа на газо…пардон - задникот. Што повеќе после она плескање од денес, кое можеби не е е толку важно, но и тоа како е битно на психолошки план. Како само напумпани беа Америте денес и како успеаја да го елиминираат недостигот во висина и да ги уништат бековите на Шпанија. Свака част.

Идеме со слики, кепшните ги оставам на вас:

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

9 comments August 16th, 2008

За наш мерак, скоцкано и Заза за мир

Photobucket

Сите го претставија тоа како одмазда, иако тоа не е. Сепак е плескање на јужњаците кое барем мене, а верувам и на повеќето од вас, ми направи ептен ќеф. Јужњаците се тим кој не може да се носи со овој состав на САД, а и онаа победа која се деси во Саитама е нешто што би им пошло од рака еднаш во 100 обиди.

Јужњаците едноставно немаат сила под кошот со која би можеле да ги успорат Америте или пак да го стават нивниот единствен центар во проблеми со лични. Вака, и Крис Бош доминираше во рекетот покрај неподвижниот 160-килаш Софоклис и другиот им центар со мутава фаца.

Баш заради тоа она што се игра утре е вистинскиот тест за силата на Америте, зошто светскиот првак е вистинскиот противник кој ги има сите елементи кои можат да бидат проблем за момците на Кшижевски. Мечот  не е решавачки, ама носи голема психолошка тежина со себе.

Од другото што се дешаваше вчера (а јас не можев да го следам со пост вчера од оправдани причини), Русите и Литванците одиграа меч кој беше пример како се игра без никаква концепција, посебно не во нападот, додека коцкасите кои ги пофалив претходно беа скоцкани од страна на дружината на Ману. Аргентина, како по обичај, има јак тим, ама мислам дека нема да стигнат до финале само заради многу послабата клупа од порано. До пред година дена тип како оној Гозналес ќе немаше место во овој тим.

————————-

На малку посериозна нота, единствениот Грузиец во НБА, Заза Пачулиа, во обид да се апелира за мир во својата земја се појави и на СNN каде јасно укажа на тоа што се дешава во Грузија и кој е крив за целата ситуација. Но, ко што викаат старите “сила Бога не моли“. Ќе биде интересно кога ќе играат Атланта - Јута сезонава.

Photobucket

ПС: Мо Вилијамс во Кливленд, Џенаро Парго во Динамо Москва

12 comments August 15th, 2008

Коцкасто

Photobucket

За денес волку, не сум баш ОК, само слика од најголемото изненадување до сега. Русите ми се сумњив тим и онака, иако се актуелни Еуро шампиони. Шпанците преку мушка игра на Пау се спасија од голем срам, а Америте никако да импресионираат. Ману и другарите ја растурија Австралија, а Богут, исто како и Џианлиан, пак покажа дека е ептен преценет играч.

9 comments August 12th, 2008

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории