Posts filed under 'Аll-Star 2010'

All-Star 2010 – 108 713

vejd.mvp6

Благодарение на NBA League Pass (и на Вуна и Турпис), сезонава гледав најмалку по една средба секој ден, а понекогаш во скратена варијанта (во моја режија) и по неколку средби, во зависност од понудата. Се до денес немав никаква примедба на League Pass, туку напротив, ќе го препорачав на секого…

Всушност, и понатаму го препорачувам на секого, затоа што е најдобриот начин да се следи се што се случува во НБА, од вечер во вечер. Малку сум им лут затоа што сабајлево, за прв пат сезонава, се случи да не можам да видам што се случило претходната вечер. Тоа се уште е случај, што значи дека не го гледав Ол-Старот. Токму поради тоа не ни пишав ништо, во очекување дека работава ќе тргне и дека ќе видам зошто Вејд е МВП, да ги видам свирките на Шакира, Алиша и Ашер. Посебно на првата. Да видам неколку атрактивни куцања, најавите итн…

BKN-2010-ALL-STARS

Но, ништо. А кога нешто немам гледано не сакам да пишувам за тоа. Како што ниедна ТВ кај нас не даваше, па поголемиот број фанови се најдоа во слична ситуација. Ситуација која за жал трае подолго време. А баш убаво, рекордни 108 713 луѓе си уживаа на трибините на стадионот на Каубојси. Можеби тие на погорните нивоа не видоа ништо освен фигури кои се движат на теренот, но на помош го имаа најголемиот HD екран на светот, кој висеше над теренот.

Толку. Ако случајно денес, или утре проработи League Pass, ќе го дополнам овој пост.

10 comments February 15th, 2010

All-Star 2010 – Зевање

tx.stadium dalas ol-star 2010

Заслужува ли All-Star Shmaturday пост? Нормално, не.

All-Star викендот во целина, барем во последните 15 години, е чиста комерцијала насочена кон најмладите. Оние кои малку се разбираат во кошарка го сфаќаат тоа, како и тоа дека регуларната сезона и посебно плеј-офот, како врв, се она што навистина вреди да се гледа. Нормално, има исклучоци, како на пр. Натпреварот во куцање пред десет години, но тие се ретки, многу ретки. Уште кога миџети ќе станат главни фаци во одредени натпреварувања и први кои славеле по три пати, јасно е дека се потребни промени. Или не, во зависност дали тоа пали како комерцијала кај оние кои се високи колку него.

95870895BC107_AllStar_PC

Тројки, H-O-R-S-E, Тим Челенџ и Скилз…веќе видено и не баш интересно. Ако некој заслужува слика и посебен спомен после она синоќа е Стив Неш, кој во Скилз успеа да биде побрз од него помладите и реално побрзите Дерон, Џенингс и Вестбрук. Дедото не е за фрлање, а тоа го докажува и на секоја средба сезонава.

ПС: А околу сликата најгоре, снегот кој изненади секого во Далас е вистинско огледало на она што го видовме сабајлево.

5 comments February 14th, 2010

All-Star 2010 – Циркузантот Тајрик, ѕверовите Блер и Вестбрук и летачот Дар Такер

Седум години се доста. Барем така одлучија дебитантите кои после точно толкава пауза успеаја да ги победат своите за година дена поискусни колеги.

Клуч на триумфот, како и во речиси секоја победа на Кингси сезонава, беше главниот кандидат за Руки на годината, Тајрик Еванс, кој си го спакува и МВП трофејот. Посебно импресивен беше неговото положување на втор обрач…

Покрај Рик, ѕверотина беше и Дехуан Блер со 22 поени и 23 скокови за првата 20-20 партија во историјата на овој меч. Остатокот од Руки тимот исто така беше на ниво, додека единствено Вестбрук со 40 поени се бореше до крај за Софмор тимот.

На полувремето се одржа новитетот наречен Dunk-In во кој ни Дерозан, ни Гордон не изведоа нешто посебно, но сепак Демаркус беше малку посмирен и поатрактивен, па така ќе го гледаме и вечер.

Кога сме кај куцањата, сабајлево се одржа и натпреварот за играчите од НБДЛ лигата во кој Дар Такер закуца преку играч висок 213 цм…

PS: Ко што Твитнав вчера, првиот поважен дил пред трејдинг дедлајнот го направија Далас и Вашингтон. Карон Батлер, Брендан Хејвуд и Дешон Стивенсон ќе го дружат Диркулес, додека обновата на Визардси почнува со Џош Хауард, Дру Гуден, Синглтон и Рос, од кои лесно може да се деси никој да не биде таму следната сезона.

5 comments February 13th, 2010

Фотка на неделата 80 – Too hot!

леброн мо одело

Што и да напишам за Леброн, посебно за неговата форма во последниве месец дена, ќе биде премалку. Дури ни бројките, кои секогаш се на негова страна и се уникатни дури и за НБА, не можат да ја прикажат во целоста големината на Леброн, кој речиси сам ја продолжуа серијата на Кавси од 13 победи во низа, сите без момакот кој треба да биде негова десна рака, Мо Вилијамс.

Сабајлево против Орландо, Леброн пак беше на граница на трипл-дабл, а откако во финишот сам го сруши Орландо, Мо си најде нова улога во “ладењето“ на Џејмс. Ала Џејмс Браун.

ПС: Вечер почнува Ол-Стар викендот во Далас, каде за чудо, неколку дена паѓа снег и прави проблем со пристигањето на главните фаци. Од тие фаци веќе е јасно дека Коби нема да игра, што е голем удар за едно вакво шоу, како и дека нема да заигра ни Ајверсон, кој не ни има сезона (последниве две) со кои заслужува да се најде таму. Точно е дека го изгласаа, но факт е дека не му таму местото. Сепак, Ајверсон не отсуствува поради повреда, туку поради сериозна болест на неговата ќерка, на која и посакуваме брзо оздравување.

ПС1: Замени за Коби и Ајверсон се Кид и Дејвид Ли. Кид веројатно е избран затоа што може за пет минути да се дотркала до стадионот во Арлингтон, додека Ли, иако ќе беше поправедно да беше Џош Смит, е добро решение. А и прв играч на Њујорк на Ол-Стар после дооолга пауза.

2 comments February 12th, 2010

Кејвмен!

Kobe-Bryant_Chris-Kaman

Покрај Фејсбук и Твитер, некако тешко се седн да се напише пост, барем не секој ден, иако редовно има и теми и волја за такво нешто.

Но, како може да помине без пост вклучувањето на лик како Крис Кејвмен меѓу дружбата на Западот за Ол-Старот во Далас. Откако по повредата на Крис Пол како негова замена беше избран Чонси Билапс, по веста дека и Брендон Рој ќе одмара уште најмалку десетина дена, комишот се смилува и му дозволи на единствениот константно добар играч на Клиперси сезонава да се појави во Далас.

Кејвмен не е атрактивен, ни во физички, а ни во кошаркарски смисол, но дечкото кој боледува од AAD заслужува да се најде во тимот на Западот, а некои беа за негова селекција и без некој да се повреди. Како и да е, оваа вест е совршена можност да се постира сликава на која Кејмн и Коби (измиксани во Фотошоп) играат на X-Box.

Add comment February 9th, 2010

Пред да се пофали TNT – Вашите Аll-Star резерви…

bosh i deron-1608

Според неколку извори, нема да се исполни желбата на ТНТ да ја имаат ексклузивата околу комплетирањето на All-Star тимовите за главната вечер.

Ова колку за инфо. Иако малку ме чуди што Хорфорд добил предност пред Џош Смит. Јас не би го ставил Пирс, ама тоа е чисто субјективно. Иначе, серијата на ТитаНикси без свој играч која трае од 2001 год. продолжува. На Запад. Пау, кој иако едно време беше и повреден доби предност пред Кејмн. Нормално, зад Лејкерси да бидат со еден играч.

Па, резерви на Истокот се:

Џо Џонсон, Ал Хорфорд, Пол Пирс, Ражон Рондо, Дерик Роуз, Крис Бош и Џералд Волас.

На Западот таа улога ќе ја имаат:

Крис Пол, Диркулес, Дурантула, Пау, Рој и честито и на двајцата – Дерон Вилијамс и Зеко Рендолф.

ПС: Одамна ни се немаат случено три поста во еден ден.

ПС2: Знам, и јас сум разочаран што ги нема Дарко Миличиќ и Адам Морисон.

9 comments January 28th, 2010

All-Star(тери)…Добра, лоша и заебана вест

istok all star

Ги имаме Ол-Стар петорките за во Далас следниот месец и до некаде поголемиот број НБА фанови, барема оние пореалните при гласањето, односно оние кои погледнале барем една средба оваа сезона, се задоволни од тоа како на крајот испаднаа работите.

Како во многу случаи, имаме една добра, една лоша и една онака, зезната вест.

Добрата секако е фактот дека Нештињо успеа на крај да го претрка Мекгрејди и да спаси голем срам (или пак комишот замижил на едно око) срам за НБА лик кој цела сезона има изиграно 45 минути да биде стартер.

Лошата е нереалноста при гласањето и тоа што наместо оние кои заслужуваат, како Џо Џонсон или Рондо, во првите пет на Истокот е лик кого на старт од сезоната го избркаа од Мемфис, каде беше резерва, кој после тоа изјави дека ќе се пензионира, за на крај да заигра за Филаделфија која и не процвета со него. Старата слава си го направи своето и Ајверсон се најде меѓу стартерите на Истокот.

west all star

Остатокот од петорките е прилично реален.

А да, заебаната вест. Штета за Дирк кој долго време беше второ крило на Западот. Но, некако Тимчо успеа да го претрка во фото-финиш. Така, Амари кој не игра центар ќе биде стартен центар на Западот, а на крило ќе игра Тимчо кој за својот тим игра на центар.  Знам, заебано, посебно за Диркулес, кој игра одлична сезона со своите Мавси.

Некој може да се побуни и дека има место и за Дурент, но тешко дека би го убацил некој место Кармело, Тимчо, па и Дирк. Сепак, иднината е во рацете на Дурент кој е вистински лидер на изненадувањето од Оклахома сити.

Јас лично би го ставил Бош во први пет на Исток на местото на истрошениот и сезонава пак повредениот Кеј-Џи. Бош игра далеку подобра сезона, како и лани, од Гарнет и местото му е првата петорка, но како и во случајот со Ајверсон, старата слава си го направи своето, иако Гарнет вреди многу повеќе од Ален.

Резервите ќе бидат познати за недела дена, а до тогаш ќе имаме време за муабет кој треба, а кој не треба да се најде во Далас.

7 comments January 22nd, 2010

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории