Кошаркари од времето бај Бојан – парт ту – Еј-Си Грин
January 9th, 2008 at 10:49am Karakash
Со мало задоцнување, еве го текстот кој Бојан ми го прати уште лани, а се однесува на Вечитата девица – Еј-Си Грин. Искрено, не знам од каде мотив да се пишува за лик како Еј-Си, ама нема да навлегувам во мотивите:)…
1192 одиграни утакмици по ред (19.11.1986 против Сан Антонио – 18.4.2001 против Орландо)
Да ми каже некој дека у тимот на Лејкерс од 2000 што ја освои титулата против Индијана (јез да ја освои веќе Џејлблејзерси коа ги тепаа, али за тоа у друга прилика) дека имало играч што бил и во тимот кога 1987 ја освоија титулата против Бостон (4-2), или би го прогласил луд, или ке помислам дека можда мисли на коментаторот 50 години што е у Лос Анџелес. Али на кој да му текне на Еј-Си Грин покрај симболите на тие титули Џабар, Меџик, Ворти и Шек, Коби и Рајс. Тоа што не ни текнува на него уопште не значи дека не придонел за тимот или пак дека не вреди да се пишат два-три збора за него.
Роден 4.10.1963 у Портланд, после завршувањето средно во средното Бенсон Политекник, се запишува во локалниот колеџ Орегон Стејт кадешто беше несомнено најголемата звезда во своето време таму, завршувајќи како втор во скокови и четврт во поени во историјата на овој колеџ. Во последната сезона има просек 19.1 поени и 9.2 скокови по натпревар, доволно за да биде избран во третиот тим на најдобри колеџ играчи во Америка.
Шампионите од 1985, Лејкерс, го бираат како 23 пик на драфтот 1985, што можеби беше добро за неговата кариера бидејќи не беше под притисок да го подобри тимот. Во неговата втора и трета сезона, 1986/87 и 1987/88 Лејкерс бек ту бек ја освојуваат титулата бележи просек од 11.1 поени и 8.2 скока по натпревар како и шут од поле поголем од 50%. Во сезоната 88/89 е избран во вториот одбранбен тим на годината а во 1990 е избран за стартер на западната конференција на Ол-Стар натпреварот во Мајами. Вредно за спомнување е дека во 1992/93 е на четврто место во лигата со процент на реализација 53.7%. Во 1989 и 1991 со Лејкерс губи во финалето од Детроит и Чикаго соодветно.
На почетокот на сезоната 1993/94 потпишува со тогашниот вице-шампион Феникс Санс кои со тоа мислат дека го напраиле мозаикот за титулата. Токму во таа сезона бележи кариир хај од 14.7 поени по натпревар како и солидни 9.2 скока во просек. Сепак у финалето на западот губат од Хјустон и Д Дрим во 7 утакмици. Наредната сезона пак бележи добри бројки од 11.2 поени и 8.2 скока за во наредната да доживее голем пад во играта со мизерни 7.5 поени и 6.8 скока во просек.
Во 1996, после периодот во Аризона следува преселба у Далас заедно со Финли, Кесел и пик од втора рунда од драфтот 1997 или 1998, а во Феникс доаѓа Џејсон Кид, Тони Думас и некој Лорен Мејер. Во Далас беше прв скокач во тимот на 30 од 56 утакмици што ги изигра таа сезона. Во наредната сезона поставува НБА рекорд со играње на 907 утакмица по ред на 20.11.1996 против Голден Стејт, надминувајќи го рекордот од 906 на Ренди Смит.
Во сезоната 1999/00 се враќа во Лејкерс кадешто ја освојува својата трета титула во финалето против Индијана.
Последната сезона ја заврши со тренерот со кој ја започна својата кариера Пет Рајли, овој пат во Мајами. Почнувајќи само еден од 82 натпревари, ја заврши својата кариера со поразот од 3-0 во првото коло од Шарлот.
- Во 2003 беше примен во Спортската хала на славните во Орегон.
- Неговите иницијали Еј-Си (А.С.) не се скратеница за никое име.
- Длабоко религиозен, официјално изјавувајќи дека ја почнал и завршил својата кариера како девица.
Лични рекорди (во еден натпревар):
Поени: 35 против Сакраменто 15.1.94
Скокови: 20 против Клиперс 9.1.96
Асистенции: 8 против Лејкерс 11.11.97
Украдени: 6 против Кливленд 13.12.87
Банани: 5 против Сакраменто 12.4.86
Минути: 53 против Далас 12.1.96
НБА Рекорд: 1192 одиграни утакмици по ред(19.11.1986 против Сан Антонио – 18.4.2001 против Орландо) – Од тука и прекарот Ајрон Мен.
PS Фала до Никса и Димо што ме потсетија да пишам за овој играч!


4 Comments Add your own
1. retry | January 9th, 2008 at 2:16 pm
Man of Steel. Beshe odlichna dopuna vo ShowTime-ot na Lakers vo 80-tite. Posle toa samo epizodata so Suns mu beshe relativno uspeshna.
U titulata na Lakers od 2000 nemashe kojznae kakov pridones, osven vo odredena mera vo odbranata (vkluchivajkji gi tuka provokaciite do Sheed).
[Translate]
2. marche | January 10th, 2008 at 2:15 am
ej go pogodi covekot

…
moj predlog za naredna statija … ako ispunues zelbi
tim hardvej
[Translate]
3. marche | January 10th, 2008 at 2:16 am
a moze i kevin dzonson
[Translate]
4. niksa | January 10th, 2008 at 2:39 pm
Ej zvrka e AC, mada ne go znaev delot deka bil devica:P Ama pak si igrase najposteno.
[Translate]
Leave a Comment
You must be logged in to post a comment.
Trackback this post | Subscribe to the comments via RSS Feed