Продолжен одмор за Аринас + другите лоши момци
January 28th, 2010 at 04:15pm Karakash
Веројатно никого не изненади веста дека Комишот го суспендирал Аринас (и Критентон во пакет) до крај на сезоната. Ова, и покрај големата глупост на Жилберто, не е најдолгата суспензија во историјата на НБА, но причина за тоа може да биде и самиот факт дека нечии други глупости се случиле порано во сезоната од оваа на Аринас.
Еве ден поглед на најдолгите суспензии до сега:
Рон Артест – 73 средби:
Причината добро позната. Малце поагресивното гушкање и поздравување со фановите на Пистонси на трибините на Обурн Хилс, наместо ако нешто му пречеше да се измереше со Бен Волас, кој уствари и ја започна целата работа со својот груб фаул над Рон.
Латрел Спривел – 68 средби:
Вратот на Пи-Џеј Карлисимо си знае најдобро. Прв и последен пат играч да нападне тренер. После ова Карлисимо си остана просечен тренер, но сите почнаа да бегаат од Спривел.
Гилберт Aринас – 50 средби:
Ова е тазе и добро познато. Колку што направи глупсот, Жилберто го изнервира Комишот кој од него направи пример за сите вакви идни прекршоци.
Стивен Џексон – 30 средби:
Другарот на Рон во горенаведеното дело. Има и суспензија од седум средби за пукање со пиштол во воздух пред ноќен клуб во Индијанаполис.
Kермит Вашингтон – 26 средби:
Ретро момент за кој повозрасните имаат слушнато. Удар кој за малце ќе го убиеше Руди Томјанович – играчот. Удар кој ја уништи кариерата на Кермит.
Џермејн О’Нил – 15 средби:
Третиот дел од дружината на Пејсерси која дивееше во Обурн Хилс.
Денис Родман – 11 средби:
Кој би рекол, само 11 средби. И тоа за удирање на фоторепортер во Минеаполис на најнезгодното место.
ПС: Интересно е да се види дека на листата нема многу од оние кои би очекувале да ги видиме, а посебно тоа што нема ни еден член на Бед Бојси. Родман неговата глупост ја направи како играч на Булси.
Entry Filed under: Бизаро, Гилбертологија, Легенди

Leave a Comment
You must be logged in to post a comment.
Trackback this post | Subscribe to the comments via RSS Feed