За нас
NBA Macedonia со работа започна далечната 1969 година во склоп на Радио Телевизија Скопје, тогаш под името „Информативно-спортска задруга за следење на кошарка - Скопје“.
По осамостојувањето, се приватизира, ама поради лошата финансиска состојба, „ИСЗСК Скопје“ оди во стечај.
Во 2003/04, влашкото лоби го реактивира друштвото под името NBA Macedonia, но поради технички причини згаснува.
Подоцна, во јуни 2005, заживува како невладина организација за борба против корупцијата под мотото „Гледајте кошарка, наместо да правите валкани работи“.
На почетокот на сезоната 2006/2007 се сели на maknba.com.mk и веројатно така и ќе си продолжи да си функционира…
ДОДАТОК:
Поради политичките и остали ангажмани на Шепард, како и немањето на постојаната конекција, тој на МакНБА не е активен веќе подолго време. Иако ни претходно не се утепуваше од пишување, тој е најзаслужен за изгледот на сајтот. Така да, пишувањето, како и до сега, е оставено на мене. Не дека се бунам.
К.
Автори: Shepard & Karakash
Контакт: maknba@gmail.com