Покрај Фејсбук и Твитер, некако тешко се седн да се напише пост, барем не секој ден, иако редовно има и теми и волја за такво нешто.
Но, како може да помине без пост вклучувањето на лик како Крис Кејвмен меѓу дружбата на Западот за Ол-Старот во Далас. Откако по повредата на Крис Пол како негова замена беше избран Чонси Билапс, по веста дека и Брендон Рој ќе одмара уште најмалку десетина дена, комишот се смилува и му дозволи на единствениот константно добар играч на Клиперси сезонава да се појави во Далас.
Кејвмен не е атрактивен, ни во физички, а ни во кошаркарски смисол, но дечкото кој боледува од AAD заслужува да се најде во тимот на Западот, а некои беа за негова селекција и без некој да се повреди. Како и да е, оваа вест е совршена можност да се постира сликава на која Кејмн и Коби (измиксани во Фотошоп) играат на X-Box.
Кога веќе на сите страни се шпекулира дека нема да ја заврши сезоната како играч на Визардси, Карон Батлер одлучи, доколку до тоа вистински дојде, на вистински начин да се прости од Вашингтон. Понекогаш еден од моите поомилени играчи, понекогаш чиста енигма, Батлер може многу да усреќи некој тим на кој му недостига тој еден играч за исчекор напред. Веројатно сличното се однесува и за Џејмисон, за кого кружат истите шпекулации, а за кого најмногу лобира да го види покрај себе Леброн.
Инаку,победата на Визардси сред Орландо е една од нивните најголеми (и ретки) оваа сезона, посебно по целата сага околу Аринас. Синоќа имаше неколку изненадувања, но ова е сигурно најголемото.
Да не биде дека не било спомнато. А и не е нешто што треба да помине туку-така или да се игнорира. Изминатава недела Коби стана најефикасниот играч во историјата на Лејкерси, поминувајќи го Џери Вест на врвот, а оставајќи зад себе и ликови како Вилт, Шек, Меџик и Карим.
Само еден ден подоцна Фил Џексон со својата 534 победа како тренер на Лејкерси стана тренер со најмногу триумфи во нивната богата историја. Поминувајќи го Пет Рајли. Нек се угоде.
Сигурно дека главната вест, покрај победата на Гризлис над Лејкерси, беше таа дека Коби го престигнал Џери “Логото“ Вест на првото место на вечната листа стрелци на Лејкерси. Сепак, без дисреспект кон Кобстерот, мене нешто друго ми се мота низ глава низ глава секогаш кога ќе се спомнат Гризлис и Лејкерси во иста реченица.
01.01.2008 година кога според секој здрав разум на планетата Мемфис го спакува во голема кутија со златно машниче Пау Гасол и го испрати за Лос Анџелес во размена за тројца играчи кои веќе не се дел од нив и еден кој се уште немаше заиграно една минута во НБА, но носеше познато презиме.
За многумина тоа беше капката која од Лејкерси направи тим кој во следните неколку години сигурно ќе се бори за титулата, додека од Мемфис направи само тим кој се откажа од својот најдобар играч. За ништо. Освен олеснување во селари-капот, кое барем тоа лето тие не го искористија за ништо.
Сите знаеме што се дешаваше после тоа со Пау и Лејкерси, но мислам дека сега, точно две години подоцна во Мемфис и не се така разочарани од тоа како се одвиваат работите. Помалиот брат на Пау, Марк Анастас Вунакис Гасол сезонава созреа во вистински НБА центар, па дури и влезе и во повеќе муабети за место на Ол-Старот во Далас.
Сепак, не можам да ги заборавам сите критики кои беа упатени кон менаџментот на Гризлис, шеги на сметка на Квами Браун и пофалби за Мич Купчак. Некои тренери и ген.менаџери од другите екипи јавно го искритикуваа трејдот, посебно Грег Попович, а некои индиректно го осудија целиот дил.
Како прилог на тоа, еве три клипа од пред две години…Посебно остар е Стивен Еј. Смит, а најбољи е Зенот…
More Than A Game е еден од најдобрите филмови за кошарка снимени било кога, било каде. Разликата помеѓу него и останатите во тоа што More Than a Game е документарец и во најголем дел користи вистински снимки. Некои од нив се снимени со домашни и аматерски камери, а некои од нив се исечоци од ТВ. Сценариото и монтажата се одлични, и филмот се изгледува во еден здив.
Иако најавен како “филмот за ЛеБрон”, сепак ова не е филм за него, туку за кошарката. Ја обработува приказната на “the fab four” (покасно five), деца од градчето Акрон, Охајо (големо колку Битола), кои сакале да играат баскет и успеале во тоа. Не би сакал да ја разоткривам причата, која е стварно инспиративна. Особено ќе ги воодушеви сите тие што како мали тренирале кошарка у локален тим, и си живееле у сопствениот универзум занесувајќи се дека еден ден ќе играат во НБА. Филмот обработува остварување баш на еден таков сон. Генерацијата на тимот од Акрон е генерациски блиска (’85) до мојата, па можеби затоа толку ме допре.
Dru Joyce III, Sian Cotton, LeBron James, Willie McGee, Romeo Travis & Coach Dru Joyce II
Во секој случај, топла препорака. Го има на торенти, а ја за малце му ја утнав летоска промоцијата во Шангај (ЛеБрон лично беше, но настанот беше од затворен тип, само за млади кинески кошаркари).
ПС. Меѓу другото, ми текна дека многу малце сме пишувале на МакНБА за кошаркарски филмови. Мене оние кои ми доаѓаат на памет ко омилени се:
Pistol: The Birth of A Legend (филмот за Пит Маравич, сите сте го глеале), Final Shot: The Hank Gathers Story (за Хенк Гетерс кој почина на терен како можда најдобар играч у историја на колеџ кошарка), He Got Game (со Реј “Џизс” Ален и Дензел Вашингтон), Rebound: The Legend of Earl ‘The Goat’ Manigault (филм за легендарниот баскетџија Д Гоут кој сам си ја упропасти кариерата), Blue Chips (со Шек, Пени и Ник Нолти, мора да сте го глеале).. Оние кои не ми се кошаркарски се Coach Carter, Space Jam, Тhe Air Up There (у африка со племињата), Basketball Diaries (со Лео Ди Каприо).. има и други кои не се ни за спомињање, а сто посто и сум испуштил некој.
Ги немаат Брендон Рој, Грег Оден, Тревис Аутло и Гоустфејс Пржибила, а минатата недела им се врати Николас Батум. Па што. И покрај сите проблеми со повреди Блејзерси буквално гинат на секоја средба без разлика на тоа кој се наоѓа на теренот. Со сите маки, заедно со Мемфис, Шарлот и Оклахома Сити се најпријатните изненадувања оваа сезона, а и Јута влезе во ритам во последно време.
На Андре Милер му требаше време да се вклопи во Портланд, а понекогаш Мекмилан беше чуден со одлуките да го игра хобитот Блејк во први пет наместо Дре. Сепак, после некои муабети дури и за можен трејд, Милер си се најде во Орегон. Во тоа најдобро се уверија Мавси сабајлево кои Андре ги почести со рекордни во кариерата 52 поени, нормално, за победа на Блејзерси после 53 минути игра.
Според неколку извори, нема да се исполни желбата на ТНТ да ја имаат ексклузивата околу комплетирањето на All-Star тимовите за главната вечер.
Ова колку за инфо. Иако малку ме чуди што Хорфорд добил предност пред Џош Смит. Јас не би го ставил Пирс, ама тоа е чисто субјективно. Иначе, серијата на ТитаНикси без свој играч која трае од 2001 год. продолжува. На Запад. Пау, кој иако едно време беше и повреден доби предност пред Кејмн. Нормално, зад Лејкерси да бидат со еден играч.
Па, резерви на Истокот се:
Џо Џонсон, Ал Хорфорд, Пол Пирс, Ражон Рондо, Дерик Роуз, Крис Бош и Џералд Волас.
На Западот таа улога ќе ја имаат:
Крис Пол, Диркулес, Дурантула, Пау, Рој и честито и на двајцата – Дерон Вилијамс и Зеко Рендолф.
ПС: Одамна ни се немаат случено три поста во еден ден.
ПС2: Знам, и јас сум разочаран што ги нема Дарко Миличиќ и Адам Морисон.